Почнува лидерската средба на НАТО

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 Во Брисел денеска се одржува Самитот на НАТО, Северна Македонија ќе ја претставува премиерот Зоран Заев. Лидерите на 30-те земји членки ќе разговараат за иднината на Алијансата и нејзините предизвици, јави дописничката на МИА од Брисел.

Целта на генералниот секретар, Јенс Столтенберг, е лидерите да се усогласат за „амбициозна” агенда за 2030-та во однос на безбедноста и одбраната. Тој на лидерите ќе им претстави низа предлози, вклучително и зајакнување на политичката димензија на Алијансата, како и засилување на колективната одбрана и отпорноста на земјите членки во однос на инфраструктурата.

Кибер безбедноста, климатските промени, и секако зголемувањето на буџетските стапки на земјите членки за одбраната ќе бидат меѓу најважните теми на дискусија.

Русија и Кина ќе бидат меѓу клучните разговори, посебно како НАТО да се постави во однос на подемот на овие две светски сили.

Столтенберг го поздрави фактот што од 2014 земјите членки на Алијансата постојано го зголемуваат буџетот за одбраната, до 2024 сите 30 земји се заложија да постигнат два отсто од бруто домашниот производ наменет за воени цели.

– Сите предизвици бараат постојано зголемување на инвестициите во одбраната. Последните седум години по ред се зголемени расходите за одбраната, додадени се 260 милијарди долари од 2014, но треба да инвестираме уште повеќе за да ја постигнеме нашата висока амбиција, рече шефот на Алијанса во петокот.

Тој се повика на последните анкети на јавното мислење, спроведени од НАТО но и од Пју (Pew Research), кои покажуваат висока поддршка на граѓаните за Алијансата и за соработката помеѓу Европа и Северна Америка.

– Уверен сум дека ќе се усогласиме за амбициозна и напредна агенда 2030 која ќе биде одраз на високата амбиција што ја имаме за Алијансата затоа што се соочуваме со големи безбедносни предизвици, рече Столтенберг, додавајќи дека треба граѓаните на Европа и Северна Америка да „останат безбедни”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот