Почнува јубилејната 10. Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања”

Триесет и пет уметници од земјава, но и од Русија, Србија, Хрватска, Бугарија, Франција, Грција и од Полска ќе учествуваат на 10-тата Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања” што вечер ќе биде отворена во ресторанот „Виа Игнација” во Вевчани.

Во знакот на децениското постоење на почетокот од свеченото отворање, ќе бидат доделени одличјата „Плакета порта” на академикот Глигор Чемерски (постхумно), на академскиот сликар Петар Попчев, на француската сликарка Ми Ан Хо, како и на Охридска банка групација Сосиете Женерал, која повеќе години ја поддржува манифестацијата.

Одбележувањето на овој децениски јубилеј ќе биде заокружено со целовечерен концерт на хрватските музички ѕвезди Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо.

Прв пат годинава, како што најави организторот, компанијата „Виа Игнација”, во соработка со Охридска банка, како дел од проектот „Клуб на таленти” избрани млади уметници ќе имаат можност да творат и да се образуваат заедно со нивните постари колеги.

На крајот од секоја колонија, а во функција на натамошно афирмирање на уметноста, организаторите ќе издадат висококвалитетен каталог на македонски и на еден светски јазик (најчесто англиски или француски). Примероци од каталогот, освен на учесниците ќе им бидат доставени и на институции и личности од светот на уметноста.

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања” почна да се организира од 2010 година. До сега, на оваа реномирана културно-уметничка манфестација учествувале над 150 еминентни ликовни уметници од државата и од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот