Почнува јавната расправа во Апелацискиот суд Скопје за случајот 27 април

Фото: МИА

Првостепената пресуда за овој предмет беше донесена во март минатата година и за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок” 16 обвинети беа осудени на 211 години затвор.

Апелацискиот суд Скопје, од денеска до петок во големата сала на Врховен суд, ќе одржи јавна седница за случајот 27 април каде обвинети се поранешниот директор на Бирото за Јавна Безбедност, Митко Чавков и 15 други лица.

Првостепената пресуда за овој предмет беше донесена во март минатата година и за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок” 16 обвинети беа осудени на 211 години затвор. Освен поранешниот директор на БЈБ, Чавков, меѓу осудените лица за наведеното кривично дело се и други припадници на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за разунавање.

Судијката Добрила Кацарска, која го водеше овој случај во Кривичниот суд Скопје, при изрекување на пресудата рече дека Чавков и другите обвинити полициски службеници биле известени за се во однос на насилниот упад во Собранието, но не презеле ништо за да го спречат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот