Почнува јавната дебата за потребата од закон за вонредна состојба

фото миа

Во организација на Претседателскиот центар за политичко образование денеска во Скопје ќе се одржи конференцијата „Вонредна состојба: научени лекции и идни предизвици”.

Конференцијата претставува почеток на поширока дебата на стручната и општата јавност за потребата од изготвување закон за вонредна состојба, а ќе ја отвори претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, обраќања ќе имаат и министерот за правда, Бојан Маричиќ, претседателот на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование,  Александар Љ. Спасов, поранешната министерка за правда и редовна професорка на Правен факултет „Јустинијан Први”, Рената Дескоска, професорот Светомир Шкариќ, професорката и пратеничка Гордана Силјановска-Давкова, судијката во Врховниот суд и поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права Мирјана Лазарова Трајковска, како и судијката во Уставниот суд на БиХ, поранешна судијка во Европскиот суд за човекови права и претседателка на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца Николовска.

Во вториот дел од конференцијата е предвидена панел дискусија на која ќе зборуваат Трајан Гоцевски, Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи, Марјан Ѓуровски, Васко Наумовски, Александар Спасеновски, Беса Арифи, Јeлена Трајковска-Христовска, Јелена Ристиќ, Денис Прешова, Марко Трошановски, Зоран Дранговски, Гоце Коцевски, Лидија Стојкова-Зафировска и Зоран Јовановски.

Настанот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата и на YouTube каналот на претседателот Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот