Почнува есента, вечерва точно во 21.21 часот

Скопје во есен / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Есента во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 21.21 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 265-иот ден во годината во годината и ќе трае 12 часа и 14 минути. Сонцето изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.

Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 20 часот и 38 минути, кога календарски започнува зимата.

Синоптичарите на првиот ден од есента најавуваат променливо облачно и свежо време со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието, засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје слично време со услови за повремен слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Облачното и посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец ќе преовладува до четврток. Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време со пониски утрински, а повисоки дневни температури. Зголемување на облачноста се очекува во понеделник попладне.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот