Почнува акција за чистење во Лисиче, Ново Лисиче и Реонски центар

Општина Аеродром денеска почнува со акција за чистење на реоните во населбата Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар и булеварот „Февруарски поход“.

– Во акцијата ќе биде опфатено чистење на комуналниот отпад од јавните површини, метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на дивите депонии – информираат од Аеродром.

Општината ќе ја вклучи целата расположлива механизација во спроведување на акцијата: 50 работници, девет рачни машини за чистење и дезинфекција на јавни површини, две возила за метење, два камиона, три ѓубретарки и механизација за чистење депонии. Во акцијата ќе бидат вклучени и новите машини за чистење во рамките на новата реорганизација на комуналната служба, како и новиот оперативен план за чистење на Општината.

Од Аеродром информираат дека акциите за чистење ќе продолжат и во наредниот период.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот