Почнува 40. МАКИНОВА 2019 и 17. ЕКОНОВА 2019

Пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво ќе бидат изложени денеска на традиционалната и најголема Меѓународна изложба МАКИНОВА 2019 што се одржува по 40-ти пат, во организација на Сојузот на пронаоѓачите и автори на технички унапредувања на Македонија – СПАТУМ и Народна техника на Македонија по повод Светскиот ден на науката.

Изложбата МАКИНОВА 2019 ќе биде придружена по 17-ти пат со изложбата ЕКОНОВА 2019 на иновации, пронајдоци и идеи чија цел е подобрување на животната средина.

Покровител на МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 е претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски кој ќе ги отвори двете манифестации.

На меѓународната изложба МАКИНОВА 2019 и ЕКОНОВА 2019 пријавени се 113 учесници од кои 75 од Република Северна Македонија и 38 учесници од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Република Српска и Словенија.

Изложбата ќе биде отворена во Музејот на Град Скопје и ќе може да се погледне до 10 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот