Почнете го денот позитивно – ќе бидете посреќни, поздрави и многу попродуктивни

Истражувањата покажале дека луѓето кои ќе го започнат денот во позитивно расположение, имаат поголема шанса така и да го завршат. Ако веќе знаете дека почетокот на денот ќе има големо влијание на остатокот од времето, зошто би станале на „лева нога“? Постојат мали работи кои можете да ги направите и кои ќе ви одземат само неколку минути, но во голема мера ќе влијаат на вашето расположение, ефикасноста на работното место и на вашето задоволство кога ќе ги сумирате впечатоците на крајот од денот. Еве неколку предлози како можете да го започнете денот во добро расположение, а дури да не станете од кревет.

Одвојте неколку моменти за благодарност
Штом ќе ги отворите очите, набројте пет нешта за кои сте благодарни, можеби бидејќи сте прекрасна личност, имате одлични пријатели, одлично сте организирани… Има многу причини за благодарност, пронајдете ги вашите кои ќе ви го загреат срцето и ќе ви измамат насмевка на сè уште сонливото лице.

Угодете си себеси
Подгответе си шолја со омилениот чај и вратете се во креветот, прелистајте некое списание, гушнете го партнерот или децата и уживајте во моментот. Правењето нешто во што навистина уживате ќе ви помогне со задоволство да ги извршите и останатите обврски што ги имате во текот на денот.

Поставете си нови цели
Поставете си мали цели кои ќе можете да ги остварите во текот на денот, без оглед дали се работи за помагање на некој непознат или купување појадок некому. Овие ситни задачи ќе ви го разубават денот.

Ширете среќа
Пред официјално да го започнете денот искорисете некоја минута за да им пратите порака на пријателите, да им се јавите на родителите или да му напишете порака на колегата што го цените. Освен што на другите ќе им помогнете да се чувствуваат фантастично, и вашиот ден ќе почне на одличен начин. Истражувањата покажале дека кога мислите на луѓето кои ви значат и коишто ги сакате, значително можете да го намалите стресот или главоболката.

Испланирајте нешто забавно за крајот на денот
Размислете што би ве усреќило и ветете си дека тоа ќе го направите на крајот од денот. Дури и самата помисла на тоа во текот на денот може значително да ви го подобри расположението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот