Почнав да се гушам, Џејмс Бонд ми го спаси животот: Хали Бери раскажа интересна приказна

Instagram

Американската глумица Хали Бери (53), се јави во емисијата „The Tonight Show With Jimmy Fallon“ и раскажа различни детали за нејзиниот приватен живот, а откри и како колегата Пирс Броснан и го спасил животот.

Profimedia

Пред 18 години таа беше девојката на Џејмс Бонд и на снимањето на филмот соработувала со Броснан. Во една прилика кога требало да снимат една од жешките сцени, Хали почнала да се гуши бидејќи парче смоква и се заглавило во грлото.

Profimedia

„Требаше да бидам секси и заводливо да грицкам смоква, но во еден момент почнав да се гушам од неа. Пирс мораше да стане и да ми направи Хеимличов зафат. Џејмс Бонд знае како да го направи тоа! Ми го спаси животот и секогаш ќе биде една од најмилите личности во мојот живот“, раскажа глумицата.

Неодамна Хали Бери беше на удар на критиките бидејќи објави видео од нејзиниот син како оди на штикли. Бери само сакала да се пошегува со фактот дека на нејзиниот 6-годишен син толку многу му е здодевно, што ги облекол нејзините чевли со штикла, но нејзините фанови не ја прифатија најдобро нејзината шега.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот