Почнаа референдумите за припојување на четирите украински региони кон Русија

Луганск-референдум
Фото: EPA-EFE/STRINGER

Властите на четири украински територии, поставени од Русија и контролирани од Москва, почнаа да одржуваат таканаречени референдуми за приклучување кон Русија. Лидерите инсталирани од Кремљ во Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје изјавија дека планираат да одржат гласање за припојување кон Русија до 27 септември. Украина и Западот се произнесоа дека нема да ги признаат овие референдуми како легитимни.

Москва преку овој процес сака да ги анектира украинските региони. Експертите го опишуваат рускиот референдум на територијата на Украина како лажен и смешен.

„Им даваме право на глас на сите граѓани на Народна Република Доњецк кои се на нашата територија, како и во странство. Отворени се гласачките центри за референдумот“, изјави Владимир Висоцки, претседателот на изборната комисија.

Паралелно со почетокот на гласањето во сепаратистичките региони, во Москва илјадници приврзаници на рускиот претседател Владимир Путин излегоа на улиците за да изразат поддршка за припојувањето на областите од источна Украина кон Русија.

Учесниците на масовниот собир носеа руски знамиња, транспаренти со симболот „Z“ и „Руси, Украинци, една нација, една држава“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот