Почнаа прозивките во Премиер лигата, Лампард го пецна Клоп

epa07773839 Chelsea's head coach Frank Lampard (L) and Liverpool's head coach Juergen Klopp (R) react during the UEFA Super Cup match between Liverpool FC and Chelsea FC in Istanbul, Turkey, 14 August 2019. EPA-EFE/SEDAT SUNA

Менаџерот на Челси, Френк Лампард потсети дека и актуелниот шампион во Премиер лигата во минатото трошеше огромни суми за засилувања.

Екипата на Челси е апсолутен победник во летниот преоден рок трошејќи повеќе од 200 милиони фунти за нови играчи со кои стана главен фаворит за титулата во Премиер лигата заедно со Ливерпул и Манчестер сити.

Челси летово на „Стемфорд бриџ“ ги донесе Хаким Зијех, Тимо Вернер, Каи Хаверц, Бен Чилвел, Тијаго Силва и Маланга Сар.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим не може да троши толку пари за нови играчи бидејќи сопствениците на „црвените“ не се олигарси.

Одговорот дојде од Лампард и тоа неколку дена по нападот од Клоп.
– Кога зборуваме за сопствениците на екипите мислам дека не е важно од кога индустрија доаѓаат бидејќи станува збор за богати луѓе. Ливерпул имаше фантастична приказна во последните четири ипол години или пет колку што Јирген е тука. Тие донесоа добри засилувања за голема сума на пари. Погледнете го нивниот тим, тука се Ван Дајк, Алисон, Фабињо, Кеита, Мане, Салах. Тоа се неверојатни фудбалери кои се скапо платени – изјави Лампард.

Менаџерот на Челси во исто време потсети и дека неговиот тим имаше забрана за купување на фудбалери.
– Ливерпул своите засилувања ги носеше за време на одреден период. Тоа што ние летово го направивме е последица на забраната за трансфери. Мислам дека сите знаеме оти нема потреба да се занимаваме со математика. Ливерпул направи систем бидејќи веруваше во својот тренер. Да, тоа е одлична приказна на која се потрошени големи суми на пари. Ние трошевме ова лето и сега не чека напорна работа – додава Лампард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот