8 C
Скопје

Почнаа протестите во Минск: Замини, замини – му порачаа на Лукашенко, полицијата засега не реагира (ВИДЕО)

Насобраните извикуваа „Замини“ и „Пуштете ги на слобода“, а луѓе во автомобили се огласуваат со свирење.

Стотици демонстранти се собраа вечерва во Минск, 11 ден по ред, и покрај наредбата на белорускиот претседател Александар Лукашенко до полицијата да ги угаси протестите против неговото владеење и резултатите  од претседателските избори.

До вечерва нема знаци на пошироки операции со цел отстранување на демонстраните од улиците, пренесува Ројтерс.

Стотици демонстранти се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи, а голем број полицајци кои таму се наоѓаа со службени комбиња, не презедоа никаква акција.

Насобраните извикуваа „Замини“ и „Пуштете ги на слобода“, а луѓе во автомобили се огласуваат со свирење.

Претходно денеска полицијата ги растера протестите и уапси двајца демонстранти пред фабриката за трактори во Минск.

Прочитајте и...  Пленковиќ се чувствува добро и сите работи ги извршува од дома

Полицијата ја презеде контролата над театарот во централната улица во главниот град, каде протестите избија откако директор е уапсен зошто зборувал за насилство врз демонстраните.

Поврзани вести

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

Слободен печат

ВИДЕО | ШТО СЕ СЛУЧУВА: Мистериозниот монолит исчезна од Романија, за сега нов да се појави во Калифорнија

СП.

Истражување: Луѓето без симптоми на коронавирусот се 42 отсто помалку заразни

Слободен печат

ВО ЖИВО: Обраќање на премиерот Заев на промоцијата на фотонапонската централа во неготинско

Слободен печат

Царовска: Матурата е обврзна и ќе се спроведе во законскиот рок

Слободен печат

Полицијката Ангелеска потврди: Сама си заминав од полиција, завршив со МВР

Остави Коментар