Почнаа протестите во Белград, демонстрантите имаа друг план (ВИДЕО)

epa08534962 Women sit down in protest in front of the Serbian Parliament in Belgrade, Serbia, 08 July 2020. Thousands have gathered in front of the Serbian Parliament in Belgrade to protest the new measures to stem the spread of the SARS-CoV-2 coronavirus, which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

КРИК јавува дека пред Собранието има помалку полиција од вчера, но околу зградата има десетина возила на Жандармеријата, а подготвена е и коњаницата.

Во 18 часот пред Собранието на Србија почна да се собира помала група на луѓе. Вчера најмасовното собирање почна околу 19 часот.

Еден од лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија, Драган Ѓилас кого режимот на Вучиќ го апострофира како виновиник за се, па така и за овие протести рече дека „ако нема памет од другата страна, судирот е неизбежен“.

„Пред собранието синоќа група од триесетина луѓе ја нападнаа полицијата која не реагираше. Кога тргна бруталната реакција не беше насочена на нив. Тие само мирно стоеја покрај фонтаната пред парламентот, а ќотек добија луѓе кои пред нападот на полицијата мирно протестираа“, рече Ѓилас, пренесе Нова.рс.

„Ако нема воопшто памет на другата страна, судирот е неизбежен. Наместо да покажат памет, функционерите на СНС го следат својот претседател и зборуваат дека на улиците се членови на сплитска Торцида или дека владиката Григориј сака да го руши Храмот или да го убие Горан Весиќ, како што и самиот Весиќ напиша. Како човек кој е против секој собир, насилство и поделби и натаму се надевам дека тоа зрнце памет режимот на крајот сепак ќе го пронајде“, додаде Ѓилас.

КРИК јавува дека пред Собранието има помалку полиција од вчера, но околу зградата има десетина возила на Жандармеријата, а подготвена е и коњаницата.

На социјалните мрежи се шират повици за продолжување на протестите во Белград, со слоганот „Седи доле!”, а исто така и во Нови Сад, Ниш, Чачак, Крагуевац, Нови Пазар и Зрењанин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот