Почнаа препукувањата на релација Дрим тим – Србија – Слободен печат
КошаркаСпорт

Почнаа препукувањата на релација Дрим тим – Србија

На 17 денови пред стартот на Мундобаскетот во Кина расте еуфоријата, но и нервозата кај репрезентациите.

Како се приближува стартот на Светското првенство во Кина така се зголемува еуфоријата но и нервозата кај репрезентациите. Главен фаворит за освојување на златниот медал од селекцијата на САД иако ќе настапи без најмалку десетина големи ѕвезди, а еден од фаворитите кои ќе се обидат да им го земат скалпот на ослабените Американци е и Србија.

Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ за прв пат во последните неколку години го има најсилниот состав по што се зголеми оптимизмот за највисок пласман, па дури и се „пошегува“, тој им се закани на кошаркарите на САД со зборовите „Бог нека им е напомош на Американците доколку се сретнеме“.
Одговорот од селекторот на САД, Грег Попович, кој и самиот има српско потекло, дојде експресно.

– Мора да го прашате Саша Ѓорѓевиќ. Не ме интересира што зборуваат другите. Ѓорѓевиќ е одличен тренер и голем натпреварувач, беше херој во Европа како играч. Тие имаат фантастичен тим и во тоа нема сомнежи. Луѓето ќе продолжат да зборуваат, но од мене нема да добијат одговор – изјави Попович.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close