Почнаа преговорите на коалициите за нова влада на Црна Гора

Според изворите на подгоричкиот весник, состанокот траел околу четири часа, бил начелен и воведен.

Синоќа почнаа преговорите меѓу претставниците на трите коалиции за формирање на нова влада во Црна Гора, траеја четири часа, но не е отворен разговор за целиот пакет, пишува подгоричкиот весник „Вијести”.

Повикувајќи се на информации од повеќе извори, подгоричкиот весник пишува дека врз основа на резултатите од изборите, премиерската позиција треба да и припадне на коалицијата „За иднината на Црна Гора”, додека втората најсилна коалиција – „Мирот е нашата нација”, веројатно ќе ја преземе функцијата претседател на Парламентот.

Во преговарачкиот тим на коалицијата „За иднината на Црна Гора” се носителот на листата Здравко Кривокапиќ, функционерите на Демократскиот фронт Предраг Булатовиќ, Славен Радуновиќ и Бранко Радуловиќ, потоа Драган Ивановиќ функционер на Социјалистичката народна партија и професорот Владимир Божовиќ од Матица Српска.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Тројца космонаути се вратија по шестмесечна мисија на Меѓународната вселенска станица

Коалицијата „Црно на бело” ја претставуваа функционерите на ГП УРА, Дритан Абазовиќ, Зоран Микиќ, Филип Аџиќ, а коалицијата „Мирот е нашата нација” Алекса Бешиќ и Борис Богдановиќ (Демократи) и Миодраг Лекиќ (Демос).

Според изворите на подгоричкиот весник, состанокот траел околу четири часа, бил начелен и воведен.

Тие рекоа дека разговарале за обврските и одговорностите пред новата власт, како најдобро да се дојде до решение, динамиката на работа и програмата на идната влада чии основи се содржани во договорот што лидерите на трите коалиции го потпишаа претходно.

Поврзани вести

Полицијата растури свадба во Арачиново, еве што се случи со сватовите

Марина Дамческа

Полска го забрани абортусот, ќе биде дозволен само во овие случаи

Баба од Мадрид на 99 години ја победи короната, им се врати на омилените серии и игри на таблетот

Слободен печат

Мицкоски: Законот за заразни болести во кој се колне Филипче не е за болните, туку за надлежностите и процедурите

Слободен печат

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Слободен печат

Попоски позитивен на ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар