Почнаа преговорите, Барселона нуди пари и играчи за Нејмар

Фото: EPA/ALEJANDRO GARCIA

Желбата на Нејмар да го напушти ПСЖ и да се врати во Барселона, се чини дека ќе му се исполни.
Само еден ден откако претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи објави дека сите се слободни да си заминат доколку не се задоволни, француските медиуми објавија дека веќе се започнати преговори за трансфер на првата ѕвезда на екипата, Нејмар.

Нормално, тимот кој го посакува Нејмар во своите редови е Барселона. ПСЖ сака да го врати вложеното, поточно 222 милиони евра, но Барселона има други планови. Каталонскиот клуб подготви понуда во висина од 100 милиони евра и му нуди на ПСЖ да избере еден од понудените двајца фудбалери, Осман Дембеле или Фелипе Кутињо.

Дембеле добро ја познава работата на Томас Тухел, бидејќи под негово водство блесна во Борусија Дортмунд. Од друга страна, Тухел нема ништо против ангажман и на Фелипе Кутињо.

Информациите дека Барселона започна преговори со ПСЖ за враќање на Нејмар, го фрли во втор план трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид. Иако се шпекулира дека договорот е постигнат, и на 1 јули Барселона ќе ја плати клаузулата од 120 милиони евра за да го донесе Гризман, прашање е дали шпанскиот шампион ќе има пари за да ги реализира двата трансфера.

Поради тоа, челниците на Барселона имаат и резервен план за Нејмар, да ја намалат сумата што треба да се плати на ПСЖ со вметнување на дополнителни фудбалери во трансферот. Доколку бидат вметнати Иван Ракитиќ или Самуел Умтити, Барселона би доплатила само 50-тина милиони евра. Дел од директорите на Барселона заговараат, клубот да се откаже од дури тројца играчи, Кутињо, Дембеле и најверојатно Ракитиќ и тогаш не би доплатила ништо на ПСЖ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот