Почнаа подготовки за реконструкцијата на „Орце Николов“

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Се прават подготовки за конечно да почне реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Центар.

Слободен печат дознава дека моментално почнуваат зафати на споредните улици, се отстрануваат бандерите, и се подготвуваат подземните инсталации.

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Со реконструкцијата ќе биде опфатено проширување на улица, а ќе биде воведено и паралелно паркирање, односно автомобилите ќе се спуштат на коловозот, со што тротоарите ќе се ослободат за пешаци, велат од Центар.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Реконструкцијата ќе се одвива во фази, со цел да не се прави дополнителен метеж во сообраќајот. Ќе бидат воведени лежачки полицајци и зони на смирен сообраќај, за да се спречи возење со брзина над дозволената.

Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Улицата „Орце Николов“ ќе се реконструира од објектот за стопанисување со станбен и деловен простор (ПУИК) до бензинската на Макпетрол на булевар Св. Климент Охридски.

Фото: Драган Митрески/ Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот