Почнаа откажувањата во спортот, пливачите ќе одмораат викендов

фото: фејсбук

Нептун купот кој требаше да се одржи викендов на базенот Борис Трајковски, е одложен поради коронавирусот .

– Моја препорака е да се откажат сите спортски натпревари, посебно тие што ќе се играат во затворен простор. На седница на Владата ќе ја разгледаме оваа препорака и ќе донесеме конечна одлука – изјави во текот на денот министерот за здравство, Венко Филипче.

Организаторот одлучи да ги следи препораките на Министерството за здравство и го откажа претходно закажаниот пливачки митинг. Во базенот Борис Трајковски покрај пливачи и пливачки од 10-тина македонски клубови требаше да учествуваат и пливачи од Албанија и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот