Почнаа несогласувањата меѓу Зидан и Перез

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Човекот кој на Реал Мадрид му донесе три едноподруго титули во ЛШ, Зинедин Зидан, по девет месеци пауза повторно ја презеде тренерската функција во „кралскиот“ клуб со ветување дека неговиот збор ќе биде последен кога станува збор за трансферите.

Но, по само еден месец од враќањето, почнаа првите несогласувања со претседателот Флорентино Перез кој си тера по свое. Три работи се цел на несогласувањата помеѓу Зидан и Перез и доколку не се решат во најскоро време, нема да биде изненадување Французинот да го напушти тренерското столче.

Најголемите несогласувања се околу голманската позиција. Зидан го сака Кејлор Навас како прв голман, додека Перез му вети на Тибо Куртоа дека следната сезона тој ќе биде прв избор, а Костариканецот налето се очекува да биде продаден. Но Зидан повеќе му верува на Навас со кого освои три титули во ЛШ и смета дека е најдобро Куртоа да биде продаден на ПСЖ, кој без проблем би платил 40 милиони евра.

Вториот проблем е Пол Погба. Зидан смета дека Реал треба да плати 150 милиони евра за да го купи Погба од Манчестер јунајтед за да го засили средниот ред, но претседателот не сака да чуе за оваа опција. Имено, Перез не сака да соработува со менаџерот на Погба, Мино Рајола, а исто така верува дека Французинот не вреди толку пари и за помала сума може да го доведе Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Последниот голем проблем претставува Нејмар. Перез во бразилскиот репрезентативец гледа идеална замена за Кристијано Роналдо и „машина за правење пари“ и затоа е подготвен да плати рекордни 300 милиони евра за него. Но Зидан смета дека Нејмар не е добар избор за Реал Мадрид, би направил раздор во соблекувалната и подобро би било клубот да почека една година и да тргне со сите сили по потписот на втората ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот