Почнаа кавгите во Интер, Конте бара едно, Марота нејќе да чуе и нуди друго

Фото: inter.it

Антонио Конте си замина од клупата на Јувентус кога Марота беше директор токму поради несогласувањата со трансфер политиката, а сега истата слика се повторува и во Интер.

Антонио Конте минатата сезона седна на клупата на Интер со една цел, да ја сруши доминацијата на Јувентус, но во првата сезона е далеку од таа цел, „старата дама“ има девет бода предност пред „нероаѕурите“ и главен ривал сезонава им е Лацио.

Управата на Интер каде главниот збор го има неговиот поранешен шеф, Бепе Марота, е подготвена да му даде време на Конте од неколку сезони за да изгради тим по сопствен вкус и конечно да го симне Јувентус од тронот на италијанскиот фудбал.

Минатото лето, Конте доби се што посака, екстра напаѓач во Ромелу Лукаку, освежување во одбраната и средниот ред, но се чини дека ова лето ќе има големи несогласувања со Марота во трансфер политиката.

Првиот камен на сопнување е Артуро Видал, кој е желба на Конте, но Марота не сака да помисли на негов ангажман.

фото: твитер

Интер веќе во своите редови ги има Кристијан Ериксен, Сенси, Барела, Брозовиќ и поради тоа управата му соопшти на тренерот дека нема шанси да биде купен чилеанскиот репрезентативец. Згора на тоа, Марота нема шанси да му даде плата од осум милиони евра, а ниту договор подолг од една година.

Вториот проблем помеѓу тренерот и спортскиот директор е нападот или дали да се ангажира Кавани.

фото: твитер

Марота и директорот Аусилио порачуваат дека нема никакви шанси да му понудат на Кавани годишна нето плата од 10 милиони евра колку што бара Уругваецот.

Конте по секоја цена го сака Кавани во тимот, додека Марота и Аусилио се подготвени да платат 60 милиони евра обесштетување за германскиот репрезентативец Тимо Вернер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот