Почнаа дискусиите за полесно аплицирање и исплата на поддршката за производствените компании

 Почнаа дискусиите за олеснување на критериумите за аплицирање и исплата на финансиска поддршка за производствените компании. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши, директорите на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Дејан Павлески и Јован Деспотовски синоќа, заедно со членовите на работната група, одржаа состанок за измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

Со овој Закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонијa и претставува шема на помош согласно прописите за контрола на државна помош.

-На оваа работна средба почнаа дискусиите за измени и дополни на дел од условите и критериумите за аплицирање за нови договори и исплата на веќе постоечките договори во услови на КОВИД криза. Ова е една од мерките од петтиот пакет економски мерки, со која дополнително ќе се излезе во пресрет на барањата на стопанството, за олеснување на критериумите за аплицирање и добивање соодветна државна помош за сите компании, домашни и странски, микро, мали, средни и големи, кои решиле да инвестираат во нови производствени хали, набавка на машини, алати и други основни средства за производство, но и да реализираат нови вработувања или дополнителни обуки за вработените дури и во услови на криза, информира Кабинетот на Битиќи.

Со измените и дополните во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, како мерка од петтиот пакет, ќе се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, особено за потенцијално новите компании кои инвестирале во 2020 година или ќе инвестираат во 2021 година, според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

-Планираните измени и дополни се прават за да се излезе во пресрет на стопанството и на граѓаните, со што Владата уште еднаш го покажува својот отворен и партнерски пристап во креирањето на новата развојна економија на Северна Македонија, за побрз и одржлив економски раст, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот