Почнаа активностите за расчистување на реката Пена во Тетово

Фото: mia.mk

Општина Тетово соопшти дека е почната постапката за чистење на реката Пена во градот од насобраните отпадоци. За спроведување на оваа активност според податоците за јавни набавки е ангажирана фирма од Порој, а договорот предвидува исплата на не повеќе од два милиони денари.

– Започна чистењето на коритото на реката Пена во делот од мостот на булеварот „Индустриска” („Видео Смилевски-Бато”), до магистралниот пат Скопје-Гостивар  (обиколница на Тетово). Да ја зачуваме и да ја одржиме чиста животната средина, посочија од Општина Тетово.

Според податоците објавени на електронскиот систем за јавни набваки набавки (ЕСЈН) за чистење на речните корита на река Пена, како и реките во Голема и Мала Речица и реката во Порој на 29 јули Општина Тетово има склучено договор по претходно спроведена јавна набвака 06565/2020 со фирмата ДТПУ „Микели Бетон” од Порој.

– Вкупната вредност на договорот не смее да ја надмине сумата од два милиони денари без пресметан ДДВ. Договорот не го обврзува договорниот орган да ја изврши набавката во целиот горенаведен износ. Цената за услугите преземена од извештајот од спроведена постапка во која носителот на набавката понудил најниска цена (збирна цена од единечни цени) во износ од 3100 денари без пресметан ДДВ, се наведува во договорот кој е објавен на ЕСЈН.

Во документот е наведенено дека времетраење на договорот е 12 месеци, а носителот на набавката е должен да го изврши предметот на договорот во рок од 30 дена сметано од денот на добивање на налог за работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот