Почна завршната фаза на повлекувањето од Авганистан

Терористички напад во Конго/ Фото: EPA-EFE/WATAN YAR

Денеска официјално почна завршната фаза за завршување на американската „вечна војна” во Авганистан, а последните американски и НАТО трупи, по 20 години, ќе се повлечат до крајот на летото.

Американскиот претседател Џо Бајден го одреди 1 мај како официјален почеток на повлекувањето на преостанатите сили – околу 2.500-3.500 американски војници и околу 7.000 војници на НАТО.

Војската направи попис на инвентарот, одлучувајќи што ќе се врати во САД, што ќе им биде предадено на авганистанските безбедносни сили и што ќе се продава на пазарите во Авганистан. Во последниве недели војската ја изнесуваше опремата од земјата со масивни товарни авиони Ц-17.

Се проценува дека САД во изминатите две децении потрошиле повеќе од 2.000 милијарди долари во Авганистан, според проектот „Воени трошоци” на Универзитетот Браун, кој ги документира скриените трошоци на американскиот воен ангажман.

Претставници на Министерството за одбрана и дипломати изјавија дека повлекувањето подразбирало затворање на помалите бази минатата година, но дека откако Бајден кон средината на април најави повлекување на крајот на летото, само околу 60 воени лица ја напуштија земјата.

САД и нивните сојузници од НАТО заедно влегоа во Авганистан на 7 октомври 2001 година, за да ги заробат водачите на Ал Каеда, организатори на терористичките напади на 11 септември во Њујорк и Вашингтон, кои живееја под заштита на талибанците во земјата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот