Хаос во Украина: Демонстрантите пробаа да влезат во Собранието, неофицијално има еден загинат

Иницијативна група од демонстрантите се обиде да влезе во зградата на парламентот, по што дојде до тепачка, а полицијата употреби солзавец/Фото: ЕПА/SERGEY DOLZHENKO

Украинските претприемачи, кои од власта бараат даночни олеснувања, денеска излегоа на протестен марш низ Киев и се обидоа на сила да упаднат во Врховната Рада, при што дојде до судир со полицијата, која употреби солзавец, а неофицијално, во хаосот што настана има и загинат.

Претприемачите меѓу другото бараат и усвојување на предлог-законот за поедноставен систем на користење фискални каси и други олеснувања во даночниот законик.

Откако прошетаа низ улиците во центарот на градот демонстрантите се вратија пред зградата на Радата и продолжија со протестите. Иницијативна група од демонстрантите потоа се обиде да влезе во зградата на парламентот, по што дојде до тепачка, а полицијата употреби солзавец, Полицијата при расчистувањето на настанот уапси неколкумина од учесниците, меѓу кои и организаторите, кои на насобраните им се обратија од бината.

Полицијата потоа ги потисна претприемачите од зградата на Радата, но судирите продолжиле, при што демонстрантите палеа димни бомби и факели.

Според непотврдени информации, во судирот со полицијата загинал еден демонстрант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот