Почна второто издание на The Park Festival во Гостивар

Фото: МИА

За љубителите на електронската музика ќе има посебна вечер в недела, 6 септември, на која ќе настапат Јански, Редон Роби, Фикс и Флудер.

Со настапите на Шпат Деда и Туна, синоќа беше заокружена првата фестивалска вечер од The Park Festival, музичка манифестација која се организира во Гостивар.

Двата концерта се одржаа во градскиот парк, на кои присуствуваше ограничен број на публика. Целиот настан се одвиваше според протоколите за заштита од коронавирус.

За вечерва е закажан настапот на Меџикал оркестар што го раководи Емин Џијан и ќе изведат теми од познати цртани филмови. На третиот ден (5 септември) концерт ќе одржат „Нокаут” на кој како специјален гостин е најавен Игор Џамбазов.

За љубителите на електронската музика ќе има посебна вечер в недела, 6 септември, на која ќе настапат Јански, Редон Роби, Фикс и Флудер.

За времетраењето на фестивалот секоја вечер од 18 до 20 часот во летниот театар на десниот брег на Вардар ќе се организираат настапи преку изложби и перформанси на млади артисти.

The Park Festival го организира продукцијата „Ин Бокс Ентертејтмент” и финансиски е поддржан од Министерството за култура и општина Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот