Почна вториот импичмент процес против Трамп: Прв во историјата на САД против поранешен претседател

Доналд Трамп
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Erin Schaff

 Почна вториот импичмент процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа е прв таков процес во историјата на САД против поранешен претседател.

Процесот на импичмент поради обвинувања за „поттикнување бунт” непосредно пред „смртоносниот марш на приврзаниците на Трамп на Капитол Хил на 6 јануари” беше отворен од сенаторот Патрик Лихи, а на почетокот беа објавени видеа кои го покажуваа насилното однесување на луѓето кои упаднаа во Конгресот .

Демократите тврдат дека имаат „непобитни” докази за вината на Трамп, додека адвокатскиот тим на поранешниот американски претседател возвраќа дека демонстрантите дејствувале независно и оценува дека постапката во Сенатот е „апсурдна и неуставна”.

Трамп е единствениот американски претседател против кого е покрената постапка за отповикување.

Доколку Сенатот одлучи да го отповика, Трамп никогаш не би можел да се кандидира повторно, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство од вкупно 100 сенатори.

Демократите имаат 50 места во Сенатот и веројатно нема да имаат поддршка од доволен број (17) републикански сенатори.

Двете страни, обвинителството и одбраната, ќе имаат по 16 часа да ги изнесат своите аргументи.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот