ФОТО+ВИДЕО: Почна вечерашниот протест, демонстрантите со тапани маршираат низ Скопје

Протест „Ултиматум – Не благодарам“ / 6 јули 2022 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Пред Владата и денеска започна протест против францускиот предлог, на кој се собраа граѓани со транспаренти на кои, меѓу другото, е испишано и мотото на овој протест „Ултиматум – Не благодарам”.

Ова е петти ден како граѓани и дел од опозициските партии го искажуваат своето незадоволство од францускиот предлог, за кој сметаат дека е штетен за државата и не ги штити државните интереси.

Протест „Ултиматум – Не благодарам“ / 6 јули 2022 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Пред почетокот на протестот, изјава за медимите даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ги повтори ставовите и барањата на партијата во однос предложените документи од ЕУ и апелираше за масовност на протестите, осудувајќи го насилничкото однесување на поеднинци.

Протест „Ултиматум – Не благодарам“ / 6 јули 2022 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Според најавите од пред Владата, протестниот марш треба да продолжи кон Министерството за надворешни работи, па се до Законодавниот дом. Дел од демонстрантите се собраа пред Собранието и најавија марш кон Владата, па до МНР и повторно пред Собранието, каде се очекува да се обрати Христијан Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот