Почна „валканата кампања“ во Австрија: Тајни служби, хакерски напади и молотови коктели

Фото: Архива

Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори во Австрија кои се закажани за 29 септември е во полн ек и се почести се вестите за напади врз партиите.

Така, Народната партија на Австрија (ОВП) на Себастијан Курц, беше мета на хакерски напад, а Слободарската партија (ФПО) се соочи со напад врз своите простории. По вторпат во изминатите четири недели е нападната една од канцелариите на ФПО.

Две непознати лица се обиделе да ја запалат вратата на општинската канцеларија на ФПО во градот Фелдбах. Тие фрлиле молотов коктел на вратата на партиската канцеларија, а украле и табла, односно, ги запалиле плакатите пред седиштето на партијата. Во градчето се уништени повеќе плакати на ФПО.

Пред четири недели, во Санкт Пелтен, беше фрлен молотов коктел на покраинската централа на ФПО во Санкт Пелтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот