Почна вакцинацијата на лица со ретки болести и нивните родители и старатели

Вакцинација Македонија Борис Трајковски
Вакцинација. / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Денеска започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести, информираат од Министерството за здравство.

– Се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијагнози на ретки болести. Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична фиброза, соопштуваат од Министерството.

Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ „Борис Трајковски” во Скопје.

– Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори, велат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот