Почна учебната година во Албанија: Првиот ден во општина Пустец мина без никакви проблеми

Општина Пустец/ Фото: МИА

Почна новата учебна година во соседна Албанија, а првиот ден мина без никаков проблем во општина Пустец.

– Со почитување на протоколот за хигиенско-санитарни мерки против Ковид-19, одржување на физичка дистанца и носење на заштитни маски, без никаков проблем мина првиот училишен ден. Претходно беше извршена дезинфекција на просториите во сите училишта и во градинката. Почитувањето на мерките ќе продолжи со цел заштита на здравјето на учениците и наставниците, изјавија од општината во која сè уште нема пријавено случај на Ковид-19.

Од таму посочуваат дека во изминатите неколку месеци е целосно реконструирана гимназиската зграда која доби нов лик, со нова опрема во внатрешноста и дидактички средства и помагала.

Во деветте села во општина Пустец настава следат околу 200 ученици од четириесеттина во гимназијата додека останатите во деветтолетките и во нивните подрачни училишта.

Без некои поголеми проблеми и со почитување на протоколите, денеска почна наставата и во сите останати места на територијата на Албанија. За реализација на наставата е одбран комбиниран модел – една седмица со физичко присуство во училница, а една седмица онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот