Почна третото издание на Скопскиот поетски фестивал во МКЦ

Постер за третото издание на Скопскиот поетски фестивал

Со поетското читање под наслов „Воздух. Ветер. Дишење.“ на 27 септември, од 20 часот, во киното „Фросина“, официјално почнува третиот Скопски поетски фестивал.

На отворањето ќе настапат поетите Санде Стојчевски, Лулзим Хазири, Моника Стојановска, Перица Сарџоски, Игор Трпчески, Николина Андова Шопова, Дарија Јовановска, Драгослав Дедовиќ (Србија), Лана Деркач (Хрватска), Ален Брлек (Хрватска), Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта) и Мартин Глаз Серуп (Данска).

Читањето ќе биде придружено со музичка импровизација на дувачки инструменти. Ќе свират Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски и Владимир Лукаш.

Фестивалскиот ден почна со неколку преднастани. Се одржа час по утринска јога со поетска медитација воден од Марија Георгиева во Паркот на франкофонијата.

Во градската библиотека „Браќа миладиновци“ ‒ Скопје се одржа мастерклас, односно работилница за креативно пишување поезија со Имануел Мифсуд, поет и универзитетски професор од Малта.

Во 18 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје ќе се одржи читачката промоција на „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, издание на „ПНВ Публикации“, на која ќе настапат триесетина од застапените четириесет и два млади поети и поетеси.

Годинашното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (ХДП), „ПНВ Публикации“ и „Бест Вестерн Хотел Турист“. Медиумски покровител е „Нова Македонија“, а медиумски партнер е „Култура Бета“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот