Почна судењето на деценијата – Боки за парите, Катица за гаќите, Кичеец за вината

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во утрешниот број на изданието на печатениот весник „Слободен печат“ читајте за судењето на деценијата за случајот „Рекет“, во кој им се суди на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, шоуменот „Боки 13-ка“ и на скопскиот угостител Зоки Кичеец за здружено изнудување на пари од контроверзниот скопски бизнисмен Орце Камчев.

Со голем медиумски интерес, со интервенција на Брзата помош, со паузи за „стручни косултации“, со провокативни формулации, со меѓусебни навреди и коментари, во Кривичниот суд се одржа првото рочиште од случајот „Рекет“.

Утре во „Слободен печат“ и за судските игри, односно „Може ли уставната среда да го испере „крвавиот четврток?!“, за Скопје како еден од најзагадените градови на светот и за саемот на проектот „Купи куќа, купи стан“, кој ќе продолжи да се реализира и следната година.

Читајте ги и колумните на Мартин Богатиноски, Сашо Орданоски, Мендо Димовски, Мирјана Најчевска, Кица Колбе, Ивица Челиковиќ и Теофил Блажевски.

Од останатите теми, читајте за Инстаграм-ѕвездите кои блеснаа на наградите за инфлуенсери, за здравјето и како „Херпесот останува доживотно во телото“, но и за младите голмани Кизиќ и Гогов, кои се светла точка во лошата сезона на РК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот