Почна средбата Заев-Гаши за можен влез на Алтернатива во Владата

Зоран Заев, Африм Гаши (1)
Средба Заев-Гаши / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Во Клубот на пратениците штотуку почна средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската Алтернатива за можен влез на таа партија во Владата и окрупнување на парламентарното мнозинство со плус четири пратеници.

Друштво на Заев му прави Димитар Ковачевски, заменик министер за финансии, додека придружба на Гаши е Беким Сали, член на претседателството на Алтернатива.

Почетокот на средбата се пролонгира за речиси половина час, бидејќи претходно на истата локација Заев имаше средба со претседателот на Полска, Дуда.

Очекувањата на СДСМ се дека по средбата Заев – Гаши, Владата ќе добие нов партнер и дека парламентарното мнозинство ќе брои 64 пратеници, сметајќи го и пратеникот на Беса Кастриот Реџепи.

Во престет на средбата, вчера и пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи изјави дека верува оти Алтернатива ќе биде дел од Владата и дека предност ќе дадат на евроинтеграциските процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот