Почна со работа лизгалиштето во Куманово

Опремата за лизгалиштето општината ја доби од Агенцијата за млади и спорт, а граѓаните ќе можат да го користат без надокнада.

Кумановци од денеска можат бесплатно да се лизгаат на лизгалиштето поставено во непосредна близина на градскиот базен.

Опремата за лизгалиштето општината ја доби од Агенцијата за млади и спорт, а граѓаните ќе можат да го користат без надокнада.

– Ја користам приликата да се заблагодарам на Агенцијата, ние го ставивме во функција. Трошоците за функционирање ќе бидат на товар на општината и на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило” кое ќе менаџира – истакна Димитриевски.

Тој изрази надеж дека ќе се почитуваат правилата за користење и појасни дека малолетните ќе мора да доаѓаат со родител или старател, кои потпишуваат изјава, по што се добиваат лизгалки и се користат бесплатно.
|
Лизгалиштето ќе биде поставено до крајот на зимата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот