Почна снимањето на ново продолжение: Џејсон Момоа откри дека Аквамен ќе стане русокос

Аквамен
Фото: Инстаграм

Сосема е веројатно дека Артур Кари, односно Аквамен, ќе доживее голема трансформација во новото продолжение, кое деновиве почна да се снима во Англија. Оваа новост ја откри главниот актер Џејсон Момоа во кусо видео на својот инстаграм – профил:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Momoa (@prideofgypsies)

Конечно сум во Англија. Прекрасно е времето, сончево. Од утре ќе почнам да го снимам „Аквамен 2“, а денес ми е последен ден како човек со кафеава коса. Ќе станам русокос, изјави и се пошегува дека конечно ќе може да провери дали е вистина дека „русокосите повеќе се забавуваат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DCU – The Direct (@dcu_direct)


Инаку, оригиналниот лик Аквамен во стрипот е русокос.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Value Comics (@the_value_comics)

Момоа видеото го заврши со благодарност до сите што работат на филмот. Освен него, во филмот улогите ги репризираат Амбер Херд како Мера, Патрик Вилсон како Орм Мариус, Долф Лундгрен како кралот Нереус, Јахја Абдул-Матен Втори како Дејвид Кејн/ Црниот манта и Темуера Морисон во улогата на Томас Кари,
таткото на Артур.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A. (@axel.man2)


Премиерата на „Аквамен и загубеното кралство“ е планирана за 16 декември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот