Почна Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020 (ФОТО)

Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години, исто така, во овој град беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.

Премиерот Оливер Спасовски на партнерите од ЕУ денеска ќе им порача дека Северна Македонија е подготвена заедно со Европската комисија и Европскиот совет да ја закажеме првата меѓувладина конференција за да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно со новата методологија, наведува владината прес-служба соопштувајќи дека почна Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020 кој оваа година се одржува со видеоконференција.

Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020/ Фото: Влада
Прес-службата на Владата посочува дека Самитот ја потврдува определбата на ЕУ дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска Унија.
-Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски изразува искрена благодарност до нашите хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да се одржи самитот во видеоконференциска форма што стана наша секојдневна реалност, наведва прес-службата на Владата.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски/Фото: Влада

Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години, исто така, во овој град беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.

Владиниот прес-центар/Фото: Влада
-Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020 се одржува за време на пандемијата од КОВИД-19, но донесе и нешто позитивно – јасно ја покажа солидарноста на ЕУ за итна поддршка за здравствениот сектор и со финансискиот пакет за соочување со социоекономските последици, и тоа ја прави Европската Унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот