Почна пробниот попис, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фатија за гуша

Попис фото МИА

Попишувачките тимови на Државниот завод за статистика од утрото почнаа со пробниот попис на населението. Процесот е електронски, а до 30 јуни ќе бидат опфатени 13 општини во земјава.

Попишувањето се врши електронски преку посебна апликација во која ги има прашањата кои се поделени во три групи – за условите за живеење, за типот на домаќинството и станбениот простор и околу 50 прашања за демографските, социјалните економските и етно-културолошките белези.

– Досега е се во најдобар ред, секаде бевме примени без проблем, оние граѓани кои не можеа да одговараат заради приватни обврски, ќе добијат извештување за друг термин – велат попишувачите.

Секој одговор на попишаното лице  ќе се проверува со претпописната база на податоци. Сите информации кои нема да се совпаѓаат ќе се сметаат за погрешни или лажни.

Од попишувачките тимови велат дека ова е законска обрвска на граѓаните, но до овој момент нема информации дали граѓните кои ќе одбијат да бидат дел од пописот, ќе се санкционираат.

Најголемата опозициска партија пак, гласно се противи на овие активности. Обвинува дека предложените законски решенија за Попис се донесени шверцерски, а доколку нема политичка средба и дебата, се заканува со бојкот.

– Доколку се истурка ваков попис ваков предлог текст без да се земат предвид барањата за средба и заедничко креирање на законот за попис, согласно меѓународните стандарди, таков попис може да ја доживее судбината на референдумот за името – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За власта пак, вели пописот не е политички процес, туку статистичка операција.

-Опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ навремено беше вклучена во сите потребни работи коишто беа во однос на носење предлог законот којшто сеуште не е во Собраниска процедура и затоа мислам дека нивните обвинувања се навистина невистинити и дека едноставно не се точни – вели Лидија Тасевска- пратеничка на СДСМ.

Пописот треба да се одржи од први април наредната година а ќе чини најмалку 8 и пол милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот