Почна примената на времен сообраќаен режим за камиони и цистерни

камиони транспорт
Фото: илустрација / архива на „Слободен печат“

Тешките товарни возила, чија вкупна маса преминува 15 тони, од денеска до 31 август за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, имаат забрана за сообраќање во петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 – 18:00 часот и недела  од 09:00 до 22:00 часот

– Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот, соопштија од АМСМ.

Посочија дека ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Имено, за време на викендите е воспоставен времен сообраќаен режим и на магистралниот пат А2, делница: Скопје-Охрид-Скопје , кој се однесува на тешки товарни возила, чија маса надминува 7,5 тони.

  • Од 1 јули до 1 септември тешките товарни возила, имаат забрана за сообраќање во петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела 07:00 – 22:00 часот, наведоа од АМСМ.

Од АМСМ истакнаа дека посебниот сообраќаен режим се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во земјата, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот