Почна приемот на деца во градинките во Карпош

Почна приемот на деца во градинките „Орце Николов”, „Мајски цвет”, „Распеана младост” и „Пролет” во Општина Карпош. Како што информираат од Општината, приемот бил реализиран на безбеден начин почитувајќи ги сите заштитни мерки и протоколи за заштита од коронавирусот.

Градоначалникот на Општината, Стефан Богоев, кој утринава беше во посета на градинката „Орце Николов” истакна дека локалната самоуправа и директорите ги презеле сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19.

Тој додаде дека Општина Карпош ќе излезе во пресрет и ќе финансира вработување и на нови хигиеничари во објектите и воспитен кадар, секако, онаму каде што има потреба.

Фото: Општина Карпош

– Општина Карпош ќе излезе во пресрет и ќе финансира вработување и на нови хигиеничари во објектите и воспитен кадар, секако, онаму каде што има потреба. Не можам да тврдам дека нема никаде да се појави проблем, затоа што вирусот Ковид – 19 уште е непредвидлив и со силен интензитет. Треба да бидеме свесни дека доаѓа и сезона на сезонски грип и потенцијално повисоко аерозагадување. Сепак, тврдам дека хигиената во објектите и подготвеноста на кадарот во Карпош е на едно високо ниво, рече Богоев.

Како што посочи, објектот на „Мајски цвет” во Тафталиџе 1 ќе започне да работи од 14 септември, затоа што оваа градинка целосно се реконструира.

Од Општината информираат дека изминативе денови е спроведена целосна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во единаесет предучилишни установи.

Оттаму посочуваат дека во текот на летниот период беа направени и повеќе реконструкции. Во голем дел од објектите, како што наведуваат во соопштение, се промени стариот под и се постави ПВЦ површина (линолеум), која е поотпорна на бактерии и полесна за одржување. Во сите градинки се спроведе и дезинфекција на душеците и теписите од страна на сертифицираната фирма „Clean Max Macedonia”.

– Локалната самоуправа на сите деца, родители, воспитно – административен кадар им посакува успешен почеток. Во претстојниот период да бидеме одговорни. Да не ги криеме информациите, да ги почитуваме мерките и протоколите, да покажеме повисока свест и толеранција, информираат општинските власти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот