Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Почна одбележувањето на Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици во Струмица

Со отворање изложба на досега неизложени дела од збирката на Меѓународната струмичка ликовна колонија, синоќа почна одбележувањето на 11 декември – Денот на заштитниците на Струмица, Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици.
На изложбата во Градската уметничка галерија се изложени триесет уметнички дела создадени на колонијата во периодот од 1963 до 2000 година. Нив ги конзервираше и реставрираше ликовниот уметник Александар Филев, а изложбата ја отвори членот на Советот на општина Струмица, Ице Беличев.
Треба да се чувствуваме привилегирани што ја имаме таа ретка можност да бидеме сведоци на овој струмички ликовен времеплов. А кога сме кај тој времеплов, вредно е да се каже дека следната година Меѓународната струмичка ликовна колонија ќе го одбележи јубилејот-шест децении постоење, а во досегашните 59 изданија, создадени се речиси 2.800 дела во различни ликовни дисциплини од уметници од целиот свет, рече Беличев.
Одбележувањето на патрониот празник на градот продолжува вечер со концерт на „Распеани струмичани”, а в недела, на свечена седница на Советот на општината, ќе се доделат годишните награди и наградата за животно дело.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
32мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5