Почна обуката „Протокол и дипломатија” за вработени во државните институции

Во Тетово денеска започна одржувањето на обуката „Протокол и дипломатија”, програма од центарот за јазици „Флуент”, верифицирана од Министерството за образование, акредитирана од Центарот за возрасни.  Обуката е во насока стекнатите знаења да се искористат за подобро менаџирање на протоколи и дипломатија.

-Првпат ја организираме оваа обука. Учесници се претставници од министерствата и друг вид на државни институции кои работат во протокол и дипломатија. Тоа што ќе го научат во текот на 12 недели и на теоретски и практичен дел тие ќе може да го имплементираат во своите институции, информира Берат Азизи од „Флуент”.

Предавачите се Енвер Абдулаху, поранешен амбасадор на Северна Македонија во Норвешка и професорот Изет Зеќири.

Поранешниот амбасадор ќе ги опфати областите како дипломатски протокол; од теорија во пракса, историја и развој на дипломатски протокол, видови протоколи и структурни компоненти и најчести протоколарни грешки. Професорот Зеќири се осврнува на повеќе теми поврзани со политичката комуникација, истакна Берат Азизи.

Во зависност од состојбата со пандемијата освен во Тетово, дел од обуките треба да се спроведат во државните институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот