Почна гласањето во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово

Точно во 7 часот утрово, со примена на мерките за заштита на граѓаните од Ковид-19 почна излегувањето на гласачите на предвремените парламентарни избори во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Во општина Гевгелија гласањето се одвива на 37 избирачки места на кои своето демократско право може да го искористат 19.136 граѓани кои се евидентирани во единствениот гласачки список.

Граѓаните на општина Богданци денеска ќе се изјаснуваат на 12 избирачки места каде што право на глас имаат 6.706 граѓани. Во општина Валандово се гласа на 24 избирачки места со вкупно евидентирани 9.912 гласачи, а во најмалата општина на југоистокот, Дојран денеска право на глас имаат 2.684 граѓани кои ќе се изјаснуваат на осум избирачки места.

Гласањето почна навреме и се одвива во демократска атмосфера,без проблеми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот