Починатото девојче (14) од Лабуништа негативно на коронавирус

Фото: МИА

покрај тоа што немала симптоми, земен е брис за тестирање на коронавирус

Резултатите од брисот за коронавирус на 14-годишното девојче од струшко Лабуништа кое вчера почина на пат кон скопските клиника е негативен, информираат здравствените власти.

Вчера, рано утрото во 6.30 часот во полиција е пријавено дека, во општата болница во Струга, Н.Т. (49), од струшкото село Лабуништа, во тешка здравствена состојба ја донел својата 14- годишна ќерка.

Девојчето имало отежнато дишење, повраќање и покачена телесна температура при приемот во струшката болница. И покрај тоа што немала специфични симптоми, земен ѝ е брис за тестирање на коронавирус.

Поради тешката здравствена состојба, девојчето со амбулатно возило е испратено во Скопје, но на пат кон Ургентен центар во Скопје починало.
Се чекаат резултатите од обдукцијата за да се дознаат причините за ненадејната смрт на девојчето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот