Починатиот 22 годишен пациент од Скопје е лице со Даунов синдром

Министерството за здравство информираше дека денеска се регистрирани нови 113 позитивни случаи на Ковид-19, како и 6 пациенти кои починале од последиците на вирусот. Меѓу починатите е и 22 годишен пациент од Скопје, кој како што информираат од Министерството за здравство имал Даунов синдром.

„Починатиот 22 годишен пациент од Скопје е лице со Даунов синдром, примен во ГОБ „8 Септември“ во тешка општа состојба на 16.07.2020 година“, изјавија од Министерство за здравство за „Слободен печат“.

Досега вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.399,  бројката на оздравени пациенти е 7.480, на починати е 517, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.402.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот