Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тестот за коронавирус на 37 годишната родилка од Охрид која почина синоќа на Клиниката за гинекологија и акушерство е негативен, потврдуваат за „Слободен печат’ високи извори од Министерството за здравство.

Резултатите биле готови попладнево, откако на сега починатата жена и бил земен брис за испитување дали има коронавирус бидејќи нејзината телесна температура била над 39 степени.

Пациентката почина синоќа во 22 часот на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Таа била донесена во Скопје со покачена телесна температура која била над 39 степени и со мртов плод.

На пациентката веднаш и била направена целосна лабораторија и земен бил брис за испитување дали има ковид 19.

Лекарите го извадиле бебето со операција, а од стомакот на мајката бил изваден гној. Министерството за здравство утринава информираше дека можната причина за смртта е масовна тромбоемболија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот