Починал во чекалницата на Бирото за вработување: Претходно го прогласиле за работоспособен на 65 години

profimedia

Маж од Велс (65) починал пред неколку дена кога му се слошило во Бирото за вработување чекајќи на закажаниот разговор во местото Ланели.

Несреќниот човек, како што велат сведоците, само „овенал“ седејќи на столчето. Луѓето во негова близина се обиделе да му помогнат, го легнале на подот и започнале со реанимација, бидејќи не давал знаци на живот.

За жал Итната помош можела само да констатира смрт.

– Не го познаав лично, но човекот кој седеше покрај мене вели дека пораснал со него. Ми кажа дека кутриот човек имал дијабетес, изјави еден од сведоците.

Починатиот маж во моментот на смртта го чекал состанокот за добивање на надоместок за невработени, откако претходно оваа година бил прогласен за работоспособен од страна на локалната канцеларија на Бирото.

Полицијата соопшти дека одговорила на повикот за ненадејната смрт, како и дека нема никакви сомнителни околности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот