Починал млад затвореник од „Идризово“

Затвор Идризово / Фото: МИА

Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ соопшти дека вчера починал млад осудени кој ја отслужувал казната во затворот.

Според МВР, вчера попладне во 17.50 часот било пријавено во СВР Скопје од Итна медицинска помош дека починал Р.В.(27).

Поради влошена здравствена состојба Р.В. со возило на затворот бил пренесуван кон болница, но по пат починал во возилото.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот