Почина Џои Џордисон, еден од основачите на хеви метал бендот „Slipknot“

slipknot џои џордисон
ФОТО: EPA-EFE/STEVE C. MITCHELL

Поранешниот тапанар на американската хеви метал група „Slipknot“, Џои Џордисон, почина на 46-годишна возраст. Во изјава, семејството на Џордисон изјави дека тој починал мирно во сон, пренесува „BBC“.

Тие не ја откриле причина за неговата смрт, но рекле дека неговото поминување им оставило „празни срца и чувства на неопислива тага“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joey Jordison (@thejoeyjordison)

Џордисон е еден од првичните членови на „Slipknot“, основајќи го бендот во 1995 година заедно со перкусионистот Шон Крехан и басистот Пол Греј. Групата издала успешен деби-албум со наслов „Slipknot“ четири години подоцна. Бендот има продадено милиони албуми на глобално ниво, доживеано мејнстрим успех во американските листи и добиено „Греми“ награда. Групата „Slipknot“ е најпозната по уникатниот агресивен музички стил и носењето на маски во хорор стил додека настапуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joey Jordison (@thejoeyjordison)

Џордисон останал дел од групата до 2013 година. Во подоцнежните години, тој открил дека заминал откако му дијагностицирале попречен миелитис, форма на мултиплекс склероза.

Кори Тејлор, главниот вокал на „Slipknot“, објави црни фотографии на своите профили на социјалните мрежи по објавувањето на веста за неговата смрт, како и Крехан.

Роден како Нејтан Џонас Џордисон во 1975 година во Де Мојн, Ајова, Џордисон рекол дека го добил првиот комплет тапани од неговите родители на осумгодишна возраст. Тој пораснал свирејќи музика и на крајот се придружил на проектот наречен „Pale Ones“ во 1995 година, кој во иднина ќе стане „Slipknot“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот