Починаа две лица во штипскиот ковид-центар

Ковид центар во Штип / Фото: МИА

Две лица на возраст од 51 и 79 години од Радовиш и селото Подареш заболени од Ковид-19 починаа во ковид – центарот во Штип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во извештајот наведува дека се намалува бројот на хоспитализирани пациенти. Во инфективното одделение се лекуваат 39, а на Кожното одделени еден пациент, но загрижува тоа што 33 пациенти се на постојана кислородна поддршка.

Притисокот за болничко лекување е намален, па во овој ковид – центар сега слободни места има за 30 пациенти. Во 11 општини во Брегалничкиот регион има 776 активни случаи, од кои најмногу над 200 има во Штип и Кочани, па следува Делчево, додека во останатите општини бројките се двоцифрени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот