Починаа двајца пратеници од ковид-19 на Мадагаскар, а 25 се заразени

Двајца пратеници во Мадагаскар починаа од последици од новиот коронавирус, а најмалку 25 членови на Парламентот се инфицирани од почетокот на епидемијата во март, изјави денеска мадагаскарскиот претседател Андри Раџеолина.

Тој не прецизираше кога починале пратениците, ниту пак ги именуваше.

– Почина еден пратеник. Почина еден сенатор. По тестирањето е утврдено дека се заразени 11 пратеници и 14 сенатори, наведе Раџеолина.

Тој додаде дека иако бил во контакт со заболени лица оти не е инфициран со Ковид-19.

Раџеолина истакна дека тој и неговото семејство пијат „Ковид органик”, растителен тоник, што беше промовиран во април на Мадагаскар, за кој се тврди дека е лек против новиот коронавирус, иако Светска здравствена организација предупреди дека не е докажана ефикасноста на пијалакот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот